26.3 C
Skopje

Челси со бразилски автогол во 83-та до полуфинале

Објавено:

Сништата на бразилските фанови за домашно полуфинале се срушија во 83 минута, кога по силниот шут на Густо, Агустин Гаи во обид да ја сопре топката која одеше кон голот ја допре со врвот од копачката, со што можеби му предизвика проблеми на голманот на Палмеирас.

Во секој случај, голот се води како автогол, а токму тој гол ги одведе Челси во полуфиналето од натпреварувањето.

Инаку претходно, натпреварот го отвори Кол Палмер со одличен гол по индивидуалната акција во 16 минута. Палмер кој игра сè подобро од натпревар во натпревар ги покажува своите квалитети на теренот.

Извор: https://x.com/FIFACWC

За изедначување на резултатот во 53 минута стрелаше одличниот Естевао за можеби најубавиот гол на целото Светско клупско првенство. 18 годишниот Бразилец со неверојатно прецизен шут им покажа на своите идни колеги од Челси дека доаѓа со силна намера да победува.

Заслужно, тој беше избран и за играч на натпреварот, а Челси после прикажаното сигурно се задоволни од играта на својот иден соиграч.

И кога сите мислеа дека натпреварот ќе оди во продолженија, се случи ситуацијата во 83 минута, што официјално се води како автогол на Гаи, за конечен резултат од 2:1 и победа на Англичаните.

Сега, на патот кон финалето, тие повторно ќе имаат бразилска пречка, овој пат од Флуминенсе, кои вчера во одличен борбен натпревар го совладаа Ал Хилал.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

spot_img

Тазе објавено

SportStation.mk