26.3 C
Skopje

ПСЖ патува во полуфиналето, шоу на голманите

Објавено:

На првиот натпревар денес од четвртфиналето на Светското клупско првенство, ПСЖ успеа да го совлада Баерн Минхен со резултат од 2:0.

Двата европски тима имаа квалитетни шанси за постигнување на гол во текот на целиот натпревар, но голманите на двете страни беа во одлична форма и имаа неколку спектакуларни одбрани.

ПСЖ го заврши натпреварот со два црвени картони, што значи дека Панчо и Хернандез ќе треба да го пропуштат полуфиналето со противникот кој ќе го добијат од вечерашниот натпревар меѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд.

Првиот гол на натпреварот го постигна Дезире Дуе во 78 минута, младата надеж на Парижаните кои го споредуваат со талентот на Барса, Ламин Јамал.

Вториот погодок за крајна надеж на Баерн и славење на ПСЖ го постигна Демебеле во 96 минута, со одличен погодок кој беше постигнат во ситуација кога ПСЖ беше со два играчи помалку на теренот.

Натпреварот за жал го одбележа и страшната повреда на ѕвездата на Баерн, Џамал Мусијала, кој заврши со скршеница на зглобот на ногата после дуелот со голманот Донарума.

Погледнете ги двата голови на ПСЖ.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

spot_img

Тазе објавено

SportStation.mk