24.8 C
Skopje

Анисимова за прв пат полуфиналистка на Вимблдон!

Објавено:

Аманда Анисимова денес успеа да стигне до своето прво полуфинале на Вимблдон откако во интензивен меч ја совлада противничката Анастасија Павлиученкова со 6-1, 7(11)-6(9).

После тешката борба на Американката во вториот сет, таа успеа да дојде до посакуваниот резултат, а во полуфиналето ќе ја пречека светската тенисерка број еден, Арина Сабаленка која нешто порано денес ја совлада Лаура Зигмунд со 2:1.

Ова претставува значајна победа за Анисимова, која во 2019 година на само 17 години играше во полуфиналето на Роланд Гарос, за потоа да отсуствува од терените четири месеци поради повреда. Ова подоцна доведе до многу притисоци за нејзиното враќање на терените, што резултираше со пауза поради менталното здравје во 2023 година.

Колку само и значеше оваа победа, може да погледнете од видеото каде го доби последниот и најтежок поен на натпреварот.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

spot_img

Тазе објавено

SportStation.mk