Тајгер Вудс доживеа тешка сообраќајна несреќа, неговата состојба е непозната!

 

Објавено:

Легендарниот голфер учествувал во превртување на возило на островот Јупитер само неколку дена по неговото враќање на терените.

Светот на спортот е во шок по веста дека легендарниот Тајгер Вудс (49) во петокот попладне учествувал во тешка сообраќајна несреќа на Флорида. Според информациите потврдени од канцеларијата на шерифот во округот Мартин за медиумскиот гигант ЕСПН, несреќата се случила на островот Јупитер, а возилото на славниот голфер се превртело.

Извор: https://edition.cnn.com/(Jason Oteri/AP)

Молк од болницата: Сè уште нема официјални информации

Иако медиумите будно ја следат ситуацијата, официјални детали за тежината на повредите сè уште не се објавени. Фановите ширум светот со нетрпение чекаат вести за здравствената состојба на еден од најголемите спортисти на сите времиња, додека неговиот тим засега одбива да дава изјави за јавноста.

Несреќа во екот на големиот кам-бек

Оваа трагедија се случува во можеби најлошиот момент за Вудс. Тој само што му се врати на натпреварувачкиот голф, настапувајќи во финалето на ТГЛ првенството. Од трибините го бодреа неговата партнерка Ванеса Трамп и нејзината ќерка Каи, означувајќи го неговото враќање по долгото закрепнување од повредата на Ахиловата тетива.

Вудс, кој има освоено 15 „мејџор“ титули, до последен момент беше таинствен околу својот настап на претстојниот Мастерс во Аугуста, каде што има славено пет пати.

Повторување на кошмарот од 2021?

Ова не е првпат патот да биде кобен за Вудс:

  • 2021 година: Доживеа страотна несреќа во која сериозно ги повреди нозете.
  • Последици: Помина месеци во рехабилитација, а многумина мислеа дека неговата кариера е завршена. Новиот инцидент повторно го става под знак прашалник неговото понатамошно професионално занимавање со голф.

Гостинска статија на Марија Петровска


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

 
 

Тазе објавено