Камбекот на Марсел Хиршер повторно одложен!

Објавено:

Легендата се бори со последици од вирус: Нема старт во Леви, неизвесен е и Гургл!

Вториот, долгоочекуван камбек на Марсел Хиршер (36) во Светскиот куп во скијање е принудно одложен. Иако коленото му е совршено по операцијата, најголемиот скијач на денешницата, кој сега настапува за Холандија, не е подготвен да се врати на патеките.

По пропуштениот велеслалом во Зелден, Хиршер нема да настапи ниту на слаломот во Леви на 16 ноември. Неговиот тим потврди дека три недели по прележаниот вирус, осумкратниот победник на Светскиот куп не може да ги издржи потребните интензивни тренинзи.

Извор: https://www.powder.com/

Проблем со ритамот и формата

  • Додека конкуренцијата веќе има околу 60 скијачки дена, Хиршер има само десет.
  • Тој е во фаза на „градење“, постепено зголемувајќи го товарот.

„Ќе бидам на стартот штом се почувствувам подготвен, сè уште ми треба време“, порача Хиршер.

Следната и најверојатна шанса за епско враќање сега е слаломот во Гургл на 22 ноември, иако и тој е под знак прашалник. Како резервна опција останува техничката трка во Вал д’Изер во средината на декември.

И покрај сите пречки, од тимот се децидни: Откажување не е опција за Хиршер!

Гостинска статија на Марија Петровска

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено