Легендата на Јунајтед откри зошто цела Англија ќе навива за Босна и Херцеговина против Велс во баражот!

Објавено:

Гери Невил со жестока изјава: „Шкотска и Ирска ми се подраги од Велс. Славеа кога испаднавме на ЕУРО 2016!“

Светскиот шампионат се ближи, а Британските Острови ги зафати треска! Додека Англија и Шкотска веќе резервираа место, Велс, Република Ирска и Северна Ирска ќе ја бараат својата шанса преку неизвесниот бараж.

Главната драма се очекува во Кардиф, каде Велс ја пречекува Босна и Херцеговина. Победникот од овој дуел ќе игра домашно финале за пласман против силниот тим на Италија или Северна Ирска.

Шокантно признание од Невил

Гостувајќи во популарниот поткаст „The Overlap“, легендарниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед и поранешен член на стручниот штаб на Англија, Гери Невил, ја разгоре атмосферата со изјава која одекна низ Островот.

Невил првично изрази среќа што тимовите од Островот се пласираат на големите натпреварувања, но потоа следеше „удар“ кон Велс.

„Чувствувам топлина кон нив и сакам да ги видам на турнирот. Тоа не е популизам. Но искрено, Шкотска и Ирска ми се многу подраги од Велс. Не знам што е проблемот со нив“, изјави Невил, оставајќи го водителот Џејми Карагер вчудовиден.

Извор: https://x.com/Cymru

Одмаздата се служи ладна: ЕУРО 2016 сѐ уште боли

Невил веднаш понуди објаснување кое јасно ги открива корените на неговата нетрпеливост:

„Бев во стручниот штаб на нашата репрезентација кога Велс го славеше испаѓањето на Англија од Исланд. Можеби тоа има некаква врска зошто вака се чувствувам“, рече тој.

Конфликтот започна на претходниот меѓусебен дуел, кога Невил по победничкиот гол на Даниел Стариџ, истрча низ аут-линијата и видно возбуден се сврте да ја провоцира клупата на Велс, предводена од Крис Колман. Велшаните не заборавија, па прославата на англискиот дебакл беше бурна и интензивна.

Поранешниот велшки стопер Ешли Вилијамс подоцна го призна тоа ривалство: „Навивавме за Исланд. Но, кој не ги сакаше таа година? Сите беа за нив, освен Англија“.

Босна и Херцеговина: Нов фаворит на Англија?

Со оглед на ова ривалство и нерасчистените сметки, јасно е дека Англичаните немаат симпатии кон Велшаните.

Поради оваа причина, дел од англиската јавност, а особено оние околу Гери Невил, сигурно ќе навиваат за Босна и Херцеговина во баражот!

Најгласен навивач и славеник за евентуалниот пласман на „Змејовите“ во финалето, сосема извесно, би бил токму Гери Невил, кој едвај чека да го види Велс како ја пропушта шансата за Мундијалот!

Гостинска статија на Марија Петровска


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено