Мирза Џомба: Крилниот мајстор со златна левица

Објавено:

Мирза Џомба е несомнено еден од најголемите мајстори на ракометната игра и убедливо најдоброто десно крило во историјата на хрватската репрезентација покрај Патрик Чавар. Оваа ракометна легенда е родена на 28 февруари 1977 година во Риека. Неговата кариера е блескава низа од клупски и репрезентативни одличја, надополнета со голем број индивидуални признанија. Неговиот талент бил откриен рано од Вено Ѓонлиќ додека бил ученик во Риека, а првите ракометни чекори ги направил во РК Замет под водство на Вјекослав Сарделиќ.

Извор: https://www.rkalkaloid.mk/

Клупски пат и доминација

Џомба ја започнал својата кариера во матичниот Замет, каде што се истакнал уште како младински играч (У-19 првак и најдобар играч/стрелец). Во јануари 1997 година, неговата кариера зема огромен замав со трансферот во Бадел 1862 Загреб, најсилниот хрватски клуб. Со Загреб доминирал во домашните натпреварувања, но во Лигата на шампионите трипати по ред губел во финалето од моќната Барселона. Во еден турбулентен период, во сезоната 2000/01, ја добил честа да биде капитен на тимот.

По Загреб, следел престој во унгарскиот Веспрем, каде веднаш освоил двојна круна и стигнал до своето четврто, но повторно неуспешно, финале на Лигата на шампионите против Магдебург.

Најголемиот клупски успех го постигна во шпанскиот Сиудад Реал (2004–2007), тогаш веројатно најсилниот европски клуб. Како клучно десно крило, конечно го освои посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите во 2006 година. Неговата брилијантна форма во овој период беше потврдена со три последователни номинации за Најдобар играч на светот (две трети места и едно второ, зад Ивано Балиќ).

Кариерата ја заврши со враќање во Загреб и краток престој во полски Кјелце.

Извор: https://www.gloria.hr/{(RTL)}

Репрезентативен пресврт и златна ера

По почетните репрезентативни турбуленции и слабите резултати (1997-2001), клучниот пресврт се случи со доаѓањето на селекторот Лино Червар. Џомба стана столб на легендарната генерација која ги покори светските и олимписките тронови.

Неговите најголеми репрезентативни успеси се:

  • Светско злато – 2003 година (Португалија).
  • Олимписко злато – 2004 година (Атина).

Џомба беше познат како играч за големи финалиња. На СП 2003 беше прогласен за најдобро десно крило, а на ОИ 2004 беше втор стрелец (55 гола) и повторно во идеалниот тим. На ЕП 2004, пак, беше најдобар стрелец на целиот турнир со 46 гола. Тој е играч кој никогаш не потфрлаше во клучните моменти, носејќи ги своите соиграчи до победи со своето златно лево крило. Од репрезентацијата се простил по Олимписките игри во Пекинг во 2008 година, со 185 настапи и 719 постигнати гола.

„Сувиот Лист“ – Еден од најспектакуларните пенали во ракометот

Освен по своите ефикасни крилни голови и специфичниот одраз при скок шут, Џомба е особено запаметен по неговиот уникатен начин на изведување пенали, познат како „сув лист“.

Оваа техника се состоеше од тоа што топката, по шутот, не ротираше околу својата оска (за разлика од вообичаените шутеви). Топката патуваше праволиниски и непредвидливо трепереше и паѓаше во воздухот, поради што голманите многу тешко ја читаа и предвидуваа нејзината траекторија. Овој шут беше негов заштитен знак и честа гаранција за сигурен гол од седум метри.

Извор: https://www.gloria.hr/{(TOMISLAV KRISTO CROPIX)}

Човек кој во финалето на Светското првенство во 2003 година имаше 100% учинок, но не 1/1 туку 8/8 голови – Мирза Џомба.

Гостинска статија на Марија Петровска

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено