§ „Магија“ во Канзас Сити: Аргентинците направија лудница, Алжирците пристигнаа „огнено“!

 

Објавено:

Канзас Сити буквално посине преку ноќ. Илјадници страсни аргентински навивачи го окупираа паркот „Мил Крик“ пред нивниот прв мундијалски натпревар против Алжир, создавајќи атмосфера која самите ја опишуваат со еден збор – „магија“.

Американскиот град се претвори во вистински мини Буенос Аирес. Традиционалниот навивачки собир познат како „бандеразо“ донесе ерупција од емоции, песни со тапани во чест на Лионел Меси и Диего Марадона, додека трамваите во градот се тресеа од скокањето на фановите облечени во сино-бели дресови. Дури и локалната противпожарна служба се приклучи на забавата, свирејќи со сирените додека поминуваше покрај паркот, на што илјадници Аргентинци возвратија со делириум и песна.

Покрај фудбалската страст, навивачите ја донесоа и својата препознатлива култура. Додека децата играа фудбал на тревниците, паркот мирисаше на традиционалната јужноамериканска скара (асадо), каде се печеше сочен стек и се чекаше ред за познатиот сендвич „чорипан“. На клупите покрај фонтаната, фановите уживаа во традиционалниот пијалак јерба мате.

Сведок на три епохи: Од Кемпес преку Диего до Лео

Во центарот на целата оваа лудница стоеше и 76-годишниот Анхел Берадо, заштитен од сонцето под кампер целосно обложен со аргентински знамиња. За него, овој турнир има посебно значење.

„Чувството е како да сме во Аргентина, ова е навистина нешто посебно“, изјави емотивниот Берадо за локалните медиуми.

Ова е негов четврти Мундијал во живо. Во својот живот имал чест да ги гледа тројцата најголеми аргентински фудбалски богови на светската сцена – Марио Кемпес, Диего Марадона, и сега повторно Лионел Меси. Како што самиот вели: „Овој спорт едноставно го носиш внатре во своето тело“.

Погледнете дел од атмосферата која едноставно покажува дека фудбалот за Аргентинците е многу повеќе од само игра.

Секако, тука беа и навивачите на спротивставениот табор, а ова е „огнената“ атмосфера на Алжирците исто така го привлекоа вниманието!

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено