§ „Тартан Армијата“ во акција, Шкотите го „испија“ Бостон!

 

Објавено:

Влијанието на Светското првенство дефинитивно не се чувствува само на терените, туку и низ улиците на градовите домаќини. Овој пат, апсолутен хит се навивачите на Шкотска, популарната „Тартан Армија“, кои буквално го „испија“ Бостон! Американците се во тотален шок, а локалните сопственици на пабови и продавници за алкохол признаваат дека во својот живот немаат видено ништо слично.

Според извештаите од Бостон, за време на воведниот викенд од Мундијалот, Шкотите испиле дури трипати повеќе алкохол од просекот кој се троши за познатиот празник Ден на Свети Патрик! Пабовите масовно остануваат без залихи, а точењето на пива како Тенес (Tennent’s), Корона и Бадвајзер е целосно пресушено низ градот.

Една од најкомичните ситуации се случила во локална продавница каде фрижидерот едноставно прегорел и почнал да дува топол воздух, бидејќи вратата била отворана стотици пати во рекордно време од жедните навивачи. За тоа каква е атмосферата најдобро говори уште една вирална случка: еден локален жител влегол во преполна продавница за да купи две шишиња обична вода, по што бил инстантно и масовно исвиркан од сите присутни Шкоти кои чекале ред за пиво!

Големо срце: Огромен бакшиш, гајди и хуманост на дело

Но, зад апсолутната фудбалска лудница и рекордните количини на испиено пиво, се крие и едно прекрасно лице на овие навивачи. Сопствениците на локалите не го кријат своето воодушевување и јавно ги фалат Шкотите дека ја „вратиле забавата која одамна била изгубена во градот“. Припадниците на „Тартан Армијата“ се спријателиле со шанкерите, брзо ги научиле нивните имиња, оставале масивни бакшиши и приредувале бесплатни концерти со нивните традиционални гајди низ улиците.

Она што посебно го освои срцето на американската јавност е нивната хуманост надвор од пабовите. Во знак на благодарност за гостопримството во градот Провиденс (каде што ги играат своите натпревари), шкотските навивачи организирано донираа речиси 30.000 долари во хуманитарни цели!

Нивната донација беше прецизно распределена за оние на кои им е најпотребна:

  • 10.000 долари за одделот за рак во детската болница
  • 10.000 долари за фудбалски програми за сиромашни и обесправени деца
  • 6.500 долари за помош на децата кои сакаат да научат да свират на традиционална гајда

Шкотите дефинитивно знаат како се слави фудбалот, оставајќи зад себе празни буриња со пиво, но и полни срца кај локалното население!

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено