§ (Видео) Бразилците го окупираа Тајмс Сквер и го обоија Њујорк во зелено-жолто!

 

Објавено:

Мундијалското лудило комплетно ги зафати Соединетите Американски Држави, а најдобар доказ за тоа се нереалните сцени кои пристигнуваат директно од срцето на Менхетен. На само неколку часа пред официјалното деби на петкратниот светски првак Бразил на Светското првенство, фанатичните бразилски навивачи направија целосна окупација на култниот Тајмс Сквер во Њујорк, претворајќи го во вистинска, импровизирана „Маракана“.

Имено, во петокот навечер, култната раскрсница меѓу 7-та авенија и Бродвеј беше буквално „обоена“ во зелено и жолто. Илјадници навивачи развија џиновско бразилско знаме кое ги покри улиците меѓу облакодерите, креирајќи амбиент каков што ретко се гледа во центарот на Њујорк.

На улиците во Њујорк ечеа песните со кои се слават петте историски светски титули освоени во 1958, 1962, 1970, 1994 и 2002 година. Бразилците јасно ставија до знаење дека во Америка пристигнаа по една единствена цел – долгоочекуваната шестта мундијалска круна, популарната „Хекса“.

Походот на Бразил кон светскиот трон започнува вечерва (сабота) точно на полноќ по наше време, во рамките на Групата Ц, каде на преполниот „МетЛајф Стадион“ во Њу Џерси ги очекува исклучително тежок испит против незгодната селекција на Мароко. Судејќи по поддршката, Винисиус и компанија вечерва ќе играат на класичен домашен терен.

Погледнете ја неверојатната атмосфера на Тајмс Сквер:

Во меѓувреме и во Бразил владее огромна Мундијалска треска, од каде постојано пристигнуваат вакви глетки, како овој џиновски мурал од Нејмар:

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено