Лаутаро: Носиме важен дрес, на кој не му се игра нека си оди!

 

Објавено:

После вчерашниот пораз на Интер Милан од бразилскиот клуб Флуминесе во нокаут-фазата, се огласи и капитенот на “Нераѕурите”, Лаутаро Мартинез со жестока изјава.

“Јас сум капитенот и мојата порака е многу јасна. Кој не сака да остане во клубот, збогум!”, изјави Лаутаро.

“Сакам да се борам за големите титули. Оној кој сака да остане во Интер, супер ајде да се бориме. Оној кој сака да си оди е слободен да си замине. Нам ни требаат играчи кои сакаат да бидат тука. Носиме многу важен дрес. Ни треба врвен менталитет, а ако го немате – ве молам заминете”, жесток беше капитенот.

Извор: https://x.com/FabrizioRomano

Иако тој не кажа за кого се однесуваше таа порака, претседателот Марота не беше воопшто воздржан: “Пораката на Лаутаро до играчите кои не сакаат да останат? Тој не ви кажа… но, јас ќе го направам тоа. Тоа се однесуваше на Хакан Чалханоглу”.

Марота изјави дека наскоро ќе разговараат со Хакан и дека доколку има одредени услови за неговото заминување, тие ќе го направат тоа без никакви проблеми.

После ваквата отворена изјава на претседателот на Интер, останува да видиме каква ќе биде разврската во италијанскиот клуб.

Извор: https://x.com/FabrizioRomano
 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено