Барселона ги пушти во продажба новите дресови за домашните настапи на клубот, а младиот талент на Барса си сруши сите рекорди, иако официјално сè уште не е објавен неговиот нов број.
Најк дресот со името на Јамал се продал во рекорден број, со што за само 24 часа биле генерирани 2.1 милиони евра од продажбата на дресот.
Иако на официјалната страница на Барса бројот е напишан како “мистериозен”, младиот фудбалер веќе некое време на социјалните мрежи наговестуваше дека ќе ја носи легендарната 10-ка на Барса!

На својот Инстаграм, Јамал објавуваше фотографии од фудбалските легенди кои го носеле дресот со број “10” за Барселона, како што се Марадона и Лионел Меси.
Тинејџерот кој имаше одлична сезона изминатата година, се покажа како еден од клучните играчи за каталонскиот клуб. А, сега со заминувањето на Ансу Фати на позајмица во Монако, бројот “10” стана слободен, па скоро е извесно дека тој ќе го носи овој број.

Според најавите од клубот, официјалното претставување на новиот дрес на Јамал ќе се случи на 13 јули, односно на денот на неговиот 18 роденден.
Но, дел од оние кои побрзале да го купат дресот, веќе го објавија на социјалните мрежи…





