6.8 C
Skopje

Бомба од Ф1: Ред Бул го избркаа Хорнер по 20 години соработка

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Тркачкиот тим на Ред Бул во Формула 1, официјално ја заврши соработката со менаџерот Кристијан Хорнер, кој стоеше на чело на овој тим уште од 2005 година.

Според германскиот весник “Bild” одлуката е веќе донесена, а сега “Motorsportweek” и “The Race” објавија дека од Ред Бул дошла официјална потврда дека “Хорнер бил ослободен од неговите оперативни должности во тимот, почнувајќи од денес”.

Хорнер изминатата година беше вовлечен во скандал со пораки со вработена во Ред Бул, но тогаш после внатрешна истрага тимот одлучи да застане зад него и да го поддржи во неговото водење на Формула 1 тимот.

Сега, после лошите резултати сезонава и изгубената борба за двата шампионати, од Ред Бул изгледа решија да направат драстична промена и да го прекинат неговиот договор.

Извор: https://www.facebook.com/redbullracing

Холандскиот новинар Ерик ван Харен напиша на социјалните медиуми: “Доаѓа вистинска бомба од Ред Бул Рејсинг. Кристијан Хорнер е избркан после повеќе од 20 години на чело на тимот. Вработените во Милтон Кинс штотуку биле информирани за одлуката”.

Ова доаѓа како дополнување на хаосот во Ред Бул, откако сè погласни станаа и гласините за заминувањето на четирикратниот шампион Макс Верстапен.

Се шпекулира дека Хорнер веќе влегол во преговори за лидерската позиција во Ферари, уште еден тим кој не е задоволен од овогодинешните резултати, па можно е да гледаме големи промени во Формула 1 светот од идната сезона.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено