ПСЖ ја продолжија својата доминација во светот на фудбалот и на ова Светско клупско првенство. Тимот на Луис Енрике едноставно изгледа незапирливо на големата фудбалска сцена, а вечерва го докажаа тоа и во полуфиналниот натпревар против Реал Мадрид.
Откако постигнаа 2 гола во само 9 минути на самиот старт на натпреварот, тие отидоа на паузата со три гола позитива, односно два гола на Руиз во 6′ и 24′ минута и еден на Дембеле во 9′ минута од првото полувреме.
Иако сите се надеваа дека Реал ќе успеат да ја намалат разликата за да гледаме малку поизедначено второ полувреме, сепак тие не успеаја да ја погодат мрежата ниту во вториот дел.
Од друга страна пак, ПСЖ додадоа уште еден гол на финалниот скор, откако Рамос стрелаше за погодок во 87′ минута за конечен резултат од 4:0.

Ова беше последен натпревар кој легендата на Реал, Лука Модриќ ја одигра за својот долгогодишен клуб. После овој настап тој ќе ја продолжи својата кариера во Милан, а збогувањето со соиграчите и навивачите го остави со солзи во очите.
Погледнете ги најинтересните моменти од денешното полуфинале, а во недела ќе го гледаме финалето меѓу Челси и ПСЖ, за крај на ова Светско клупско првенство кое за прв пат годинава се одржува во ваков проширен формат.
87' O PISTOLEIRO STRIKES
Gonçalo Ramos makes it 4 for PSG with a beauty, and pays tribute to the late Diogo Jota.
Watch the @FIFACWC | June 14 – July 13 | Every Game | Free | https://t.co/i0K4eUtwwb | #FIFACWC #TakeItToTheWorld #PSGRMA pic.twitter.com/c4v6mpdnHl
— DAZN Football (@DAZNFootball) July 9, 2025