6.8 C
Skopje

Еден од најлегендарните моменти на Хорнер: Макс ти си светски шампион!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Во последната трката во 2021 година кога сите очекуваа Луис Хамилтон да ја освои рекордната осма титула, младиот Холанѓанец успеа да извози легендарна трка за паметење и за прв пат да стане светски шампион.

Трката во Абу Даби ќе се памети уште долго во Формула 1 светот, а последниот свиок донесе драма за одлучување на шампионот кога Макс Верстапен успеа да го помине Хамилтон и да дојде до титулата.

Вистинска драма, возбуда, радост, но и легендарна изјава на Кристијан Хорнер: “Макс ти си светски шампион!”.

Откако вчера беше отпуштен од позицијата на менаџер на тркачкиот тим на Ред Бул, Хорнер емотивно се испрати со тимот и навивачите, а ова за нас е можеби највпечатливиот негов момент во богатата 20 годишна кариера за Ред Бул во која има 124 победи, 6 шампионски титули за тимот и 8 шампионски титули за возачите.

Погледнете го моментот кога Хорнер му кажува на тогаш младиот Макс Верстапен дека е светски шампион, а “Ф1 волшебникот” Адријан Њуи плаче од среќа до него…

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено