Трансферот кој се чинеше невозможен сега станува реалност. Томас Милер, иконата на германскиот фудбал и Баерн Минхен, е на чекор од официјално преселување во МЛС, во дресот на Ванкувер Вајткепс. Според информациите на новинарот и познавач на МЛС, Том Богарт од “Givemesport”, договорот е во финална фаза, откако клубот постигнал принципиелна согласност за “правата за откривање” со ФК Синсинати.
Ова беше последната административна пречка пред официјализацијата на договорот, бидејќи Синсинати беше клубот што ги поседуваше МЛС правата за Милер и претходно се обиде да го донесе, но не успеа да му понуди соодветен договор.
Иако Милер оваа сезона нема да биде регистриран како “DP” играч, планот на Ванкувер е тоа да се случи во 2026 година. Личните услови се веќе договорени, а официјализацијата на трансферот е само прашање на време.
Оваа трансфер-сензација доаѓа по заминувањето на Милер од Баерн Минхен, клуб во кој ја помина целата своја кариера. Во текот на оваа сезона тој постигна осум голови и осум асистенции во 1.921 минута, но неговото вкупно наследство е далеку поголемо – 756 натпревари, 250 голови и 223 асистенции, 13 титули во Бундеслигата, две во Лигата на шампиони и безброј моменти кои остануваат во фудбалската историја.
На 35 години, Томас Милер започнува ново поглавје на својата кариера, овој пат во Канада.
𝐓𝐇𝐎𝐌𝐀𝐒 𝐌Ü𝐋𝐋𝐄𝐑 – The Original 25 ™️
Thank you for 25 𝗜𝗡𝗖𝗥𝗘𝗗𝗜𝗕𝗟𝗘 years, Thomas! ❤️🤍
🎥 The full documentary will be available to watch on YouTube at 6pm! (CET)#FCBayern #MiaSanMia pic.twitter.com/vSnOsLDWe6
— FC Bayern (@FCBayernEN) July 25, 2025