Барса vs. Тер Штеген: Што се крие зад целата сага?

 

Објавено:

Голема тензија владее во редовите на Барселона поради спорот меѓу клубот и првиот голман Марк-Андре тер Штеген, кој одбил да дозволи неговиот медицински извештај да биде доставен до медицинската комисија на Ла Лига.

Според информациите на “Mundo Deportivo”, потврдени од портпарол на клубот за “DPA”, Барселона е разочарана од одлуката на германскиот голман да не даде дозвола неговите медицински податоци да се споделат со Лигата. Во Шпанија, медицинската тајност е строго регулирана, и без писмена согласност на играчот, клубовите не можат да доставуваат детали за повредите.

Иако клубот признава дека тер Штеген има целосно право на приватност, тие сметаат дека постои и професионална должност да се соработува во вакви ситуации, особено што од тоа зависи можноста да се активира механизам кој би ѝ дозволил на Барселона да инвестира 80% од неговата плата во привремена замена.

Извор: https://x.com/FCBarcelona

Како реакција, Барселона отворила дисциплинска постапка против тер Штеген – чекор што само ги заострува односите меѓу двете страни. Клубот смета дека повредата ќе го држи голманот надвор од терените најмалку четири месеци, додека самиот играч јавно проценил дека паузата ќе трае околу три месеци, нешто што многумина од навивачите го сметаа како директна провокација со споменувањето токму на период помал од 4 месеци.

Токму таа временска разлика е клучна. Ла Лига дозволува замена само ако играчот отсуствува најмалку четири месеци, и без официјален извештај клубот не може да ја искористи оваа опција. Исто така, Барса е позната по финансиските проблеми за обезбедување плата според финансискиот фер-плеј, па со овој потег таа е под закана да не може да ги регистрира новите засилувања во клубот.

Во меѓувреме, Барселона веќе подготвува нова голманска ротација. Новото засилување Хуан Гарсија, донесен од градскиот ривал Еспањол, се очекува да ја добие шансата како прв избор на голманската позиција. Но, сега настанува дилемата дали тој ќе може да биде регистриран, ако не биде искористено ослободувањето на платата на Тер Штеген.

Многумина сметаат дека токму овој потег е причина за однесувањето на Тег Штеген, кој наводно бил лут поради тоа што не бил пуштен во игра на последниот меч против Аллетик, што го спречило да исполни над 60% успешност во сезоната и со тоа да пропушти премија од 3.5 милиони евра.

Извор: https://x.com/FCBarcelona

Според извори блиски до клубот, тер Штеген би можел да падне на трет избор по враќањето, што би било драматичен пад за човекот кој со години ја бранеше мрежата на Каталонците.

Иако германскиот репрезентативец има договор со клубот до 2028 година, во последните месеци се шпекулираше дека Барселона размислува за негова продажба како дел од мерките за намалување на платниот фонд. Но, сега, со неизвесната здравствена состојба, продажбата изгледа сè помалку веројатна.

Останува да се види како ќе се развива овој случај, но јасно е дека кризата меѓу клубот и еден од неговите најважни играчи може да има долгорочни последици – и на теренот и надвор од него.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено