4.8 C
Skopje

Одбиена жалбата на Кристал Палас, ќе играат во Конференциската лига

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако беа исклучени од Лига Европа, место што според клубот си го заслужија чесно со победата во ФА Купот, тие поднесоа официјална жалба за одлуката на УЕФА.

Меѓутоа, денес жалбата им беше официјално одбиена, со што тие дефинитивно ќе бидат префрлени во Конференциската лига, а нивното место во Лига Европа ќе го преземат Нотингем Форест.

Веста доаѓа само еден ден откако Кристал Палас го победија Ливерпул на пенали за да го освојат трофејот во суперкупот “Комјунити Шилд”.

Извор: https://x.com/CPFC

УЕФА го казни клубот откако беше објавено дека имало проблеми со сопственичката структура на клубот, нешто што беше остро негирано од претседателот Стив Париш.

Наводно, клубот не успеал да ја достави потребната документација во потребниот рок за да докаже дека нема мулти-структурно сопствеништво, по што жалбата била одбиена. Отфрлен бил и аргументот дека тие добиле нефер третман во споредба со Нотингем Форест и Лион.

Претходно и навивачите излегоа да го изразат своето незадоволство кон УЕФА, а истото го искажаа и на трибините. Сега само може да ја почекаме нивната следна реакција…

Извор: https://x.com/ultras1899_

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено