(Видео) Манчестер Јунајтед се спаси од нов срам во 97-ма минута

 

Објавено:

Манчестер Јунајтед избегна нов пораз во денешниот меч од третото коло на Премиер лигата против Барнли, откако во 97-та минута Бруно Фернандеш стрелаше од белата точка за првата победа сезонава.

Првото водство на Олд Трафорд дојде за Јунајтед по автоголот на Џош Кулен во 27-та минута, а гостите го израмнија резултатот на 1:1 со голот на Фостер 55-та минута од второто полувреме.

Две минути подоцна пристигна новото водство за домаќините по голот на новото засилување Брајан Мбеумо, но радоста на домашните навивачи повторно беше прекината во 66-та минута, кога Ентони шутираше за израмнување од 2:2.

Кога сите мислеа дека натпреварот ќе заврши со нерешен резултат и дека тимот на Рубен Аморим повторно нема да успее да дојде до првата победа, сепак продолжението и судиската одлука за пенал го избегнаа новиот срам.

Извор: https://x.com/ManUtd

Капитенот Фернандеш овој пат прецизно стрелаше од белата точка, за конечен резултат од 3:2.

Сепак, ако се земе во предвид дека Манчестер и “на хартија” беа далеку подоминантни на натпреварот, победата не беше неочекувана, но беше “спасена” во последните минути. Јунајтед имаа дури 26 шутеви на голот, од кои 6 во рамките на голот, за разлика од гостите кои имаа само 3, но успеаја да реализираат два од нив.

После поразот на Манчестер Јунајтед во Карабао клубот од четвртолигашот Гримсби Таун, многумина почнаа да зборуваат за отказот на Рубен Аморим, а дали оваа победа му го спаси тренерското место, останува да видиме.

Погледнете ги головите и најинтересни моменти од натпреварот:

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено