32.8 C
Skopje

Македонија блеска: петарда против Лихтенштајн и прво место во групата!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Фудбалската репрезентација на Македонија ја одработи септемвриската задача со стил и моќ! Вечерва “црвено-жолтите” пред полна трибина во Скопје приредија фудбалска лекција и со убедливи 5-0 го декласираа Лихтенштајн, испраќајќи порака дека Македонија не само што е жива во трката за Мундијалот во 2026 година, туку е и лидер во групата!

Магијата на Елмас ја отвори фудбалската вечер

Од самиот почеток, избраниците на Благоја Милевски покажаа дека немаат намера да се задоволат со ништо помалку од победа. Притисокот од првата минута резултираше во 15-та минута со ремек-дело на Ељиф Елмас. Повратникот во Наполи тргна од левата страна и во слалом помина четворица противници со серија дриблинзи за ладнокрвна реализација.

Извор: https://www.facebook.com/ffm.mk

Втор дел: ерупција од радост и голови

По мирното прво полувреме (1-0), вторите 45 минути беа фудбалска симфонија. Енис Барди во 52-та минута ја разбуди мрежата со волеј-удар за 2-0, а само четири минути подоцна беше асистент до Дарко Чурлинов, кој со прецизен удар ја зголеми предноста на 3-0.

Публиката веќе се радуваше на трибините, а Милевски искористи прилика да ротира и да внесе нова енергија. Лирим Ќамили во 81-та минута се запиша во стрелците по прекрасна асистенција од Алиоски, а точка на спектаклот стави Лука Станковски со својот првенец во сениорскиот дрес – гол кој значеше петарда и огромна радост за младиот талент.

Поглед кон големите битки

Со оваа победа Македонија не само што освои три бода, туку и се врати на врвот на табелата во квалификациската група. Септември завршува со насмевка, но октомври носи вистински предизвици со гостувањето кај Белгија во Брисел и големото дерби со Казахстан во Скопје.

Македонија вечерва покажа карактер, квалитет и страст. Одлична атмосфера владее во репрезентацијата и фудбалската Македонија, а се надеваме дека со овој победнички елан ќе дојдеме до остварување на сонот за првиот Мундијал.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено

SportStation.mk