32.8 C
Skopje

Њујорк има нов крал: Спектакуларна победа на Алкараз на УС Опен!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Шпанецот продолжува со својата извонредна форма, а вечерва во финалето кое го одигра со својот најголем ривал, Јаник Синер, Карлос Алкараз излезе како победник.

Италијанецот не успеа да го одбрани тронот на Отвореното првенство во САД, па сега теренот во Њујорк има нов владетел. Со оваа победа, Алкараз го презеде водството од Синер и на АТП листата, па сега официјално тој повторно е светски рекет број еден.

Уште од самиот старт Алкараз го отвори мечот сигурно, наметнувајќи го својот стил на игра кој е поразличен од структурираниот пристап на сега веќе претходниот светскиот рекет број еден, Синер, па го доби првиот сет со 6-2.

Јаник успеа на кратко да се врати во вториот сет и да донесе надеж за нов спектакуларен дуел меѓу двајцата ривали, откако го доби сетот со 6-3 за изедначување на резултатот на 1:1.

Но, Алкараз беше вечерва целосно во свој елемент, па ги доби наредните два сета, со резултат од 6-1 и 6-4.

Ова е шестти Гренд Слем турнир кој го освојува Карлос Алкараз, а втор пат застанува на врвот на турнирот во Њујорк.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено

SportStation.mk