Вистинска драма се одвиваше вечерва во Торино, на дуелот меѓу Јувентус и Борусија Дортмунд кој заврши со нерешен резултат од 4:4.
Откако во првото полувреме не видовме ниту еден погодок, во второто полувреме се случуваше голгетерско шоу кое никој не го очекуваше. Најпрво паднаа дури четири голови за петнаесет минути за резултат од 2:2, а многумина помислија дека гостите ќе си заминат како победници кога до крајот на официјалното време имаа водство од 4:2.
Но, ајде да се вратиме на почетокот. Првото полувреме не донесе погодоци и ништо не наговестуваше дека натпреварот ќе има таков пресврт. Резултатот го отворија гостите со погодокот на Аједеми во 52-та минута, а домаќините изедначија во 63-та минута преку голот на Јилдиз.
Додека траеше прославата на трибините, две минути подоцна гостите го презедоа повторно водството со голот на Феликс Нмеча во 65-та минута, за домашниот херој Душан Влаховиќ да врати повторно за две минути и повторно изедначување од 2:2.
Повторно навивачите на “Старата дама” не можеа да се израдуваат доволно, бидејќи Јан Коуто стрелаше за ново водство од 3:2 во 74-та минута. Сè изгледаше готово кога после досудениот пенал за Борусија Дортмунд, реализираше Бенсебаини во 86-та минута, со што гостите беа на удобна предност од 2:4.
— Borussia Dortmund (@BlackYellow) September 16, 2025
Со ваков резултат заврши и регуларниот дел од натпреварот, но Влаховиќ со одлична акција во 94-та минута стрелаше за нов погодок, за да асистира две минути подоцна и за погодокот на Лојд Кели во 96-та минута за целосна ерупција во Торино.



