25.8 C
Skopje

РК Алкалоид го покажаа заслужениот европски трофеј во нова фотосесија

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Ракометниот клуб Алкалоид со нова фотосесија се пофали со трофејот од Европскиот куп, кој сосема заслужено го добија и покрај контраверзниот потег на гостите во реваншот од финалето во Скопје.

Сега тоа е зад нас, а останува да се радуваме на уште еден европски успех на македонски клуб.

Во сезоната која испиша историја во клубот, но и во македонскиот ракомет воопшто, Алкалоид забележаа десет победи и 407 постигнати погодоци. Одбраната исто така беше за пофалба, а Иван Галевски и Марко Кизиќ заедно запишаа преку 100 одбрани.

Најдобар стрелец кај Алкалоид изминатата сезона беше Мартин Серафимов со 69 постигнати погодоци, со што беше и втор стрелец во европското натпреварување.

Фотосесијата доликува на еден европски шампион, а за пофалба е трудот од клубот да го прикажат трофејот на еден ваков професионален начин. Уживајте во фотографиите!

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено

SportStation.mk