Додека деновиве фудбалската јавност е преокупирана со првите мечеви од новата сезона на Лигата на шампионите и возбудата од почетокот на елитното натпреварување, Манчестер Јунајтед се занимаваат со свои работи, како што е преспивање на стадионот.
Во екот на целата медиумска фама, објавата од клубовите кои пристигнуваа на гостувањата, домаќините кои подготвуваа спектакл, Јунајтед објави пријавување за четвртото по ред преспивање на Олд Трафорд.
Преспивањето им нуди можност на фановите да поминат вечер на стадионот во ноември, а многу од навивачите на англискиот гигант се пошегуваа на сметка на ваквата објава од страна на нивниот омилен клуб.
“Јас веќе спијам на натпреварите”, “Играчите спијат на теренот, сега е наш ред да поспиеме таму”… се само дел од коментарите. Ако ве интересира како си поминале минатата година, тука може да разгледате дел од фотографиите.
We will host our fourth annual Stadium Sleep Out in November 🏟️
— Manchester United (@ManUtd) September 18, 2025