14.8 C
Skopje

(Видео) Сегед и Магдебург славеа дома, Барса доминираше во Загреб

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Третото коло од Лигата на шампиони во ракомет донесе спектакл и драматични завршници, а вечерта заврши со радост за домашните навивачи во Сегед и Магдебург, додека Барса во “Мечот на неделата” не им остави шанси на Загреб.

Меч на неделата: Барса без милост кон Загреб

По поразот минатата недела од Магдебург, Барса се врати на победничките патеки со убедлив триумф во Загреб (32:25). Клучот на победата беше данскиот голман Емил Нилсен, кој собра 15 одбрани со неверојатни 37,5% успешност и ја доби наградата за играч на натпреварот. Барселона веќе во првото полувреме поведе со пет гола предност (17:12), а во вториот дел без проблем ја зголеми дистанцата до плус 10, за на крај да слави со седум гола разлика. Мем, Јанч и Алекси Гомез беа најпрецизни со по шест погодоци.

Зидсел шоу во Кјелце

Фуксе Берлин приреди сензација во Полска, совладувајќи го Киелце со 37:32. Данецот Матијас Зидсел беше незапирлив со 13 голови, а голманот Милосављев имаше 10 одбрани само во првото полувреме. Алекс Душебаев се обиде да го одржи Киелце во игра со 9 погодоци, но гостите од Германија имаа целосна контрола и останаа непоразени по три кола.

Драма во Сегед, но на крај сепак радост за Унгарците

Сегед и ПСЖ одиграа вистински трилер кој се реши во последните секунди. Парижаните имаа контрола во првиот дел, но одбраната на Миклер ја врати надежта на домашните. Во завршницата голманот Тулин влезе со клучни интервенции, а центарот Јанус Смарсон ја презеде одговорноста со последните два гола за конечни 31:29.

Магдебург го скрши отпорот на Плоцк

Иако започнаа бавно, германските шампиони стигнаа до третата победа во низа со 27:26 против Висла Плоцк. Магнусон беше најпрецизен со 9 гола, а херој на натпреварот беше голманот Сергеј Ернандез, кој во последната минута спречи израмнување со две спектакуларни одбрани.

Резултати, 3. коло:

Киелце – Фуксе Берлин 32:37

Сегед – ПСЖ 31:29

Загреб – Барса 25:32

Магдебург – Висла Плоцк 27:26

 

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено

SportStation.mk