Иако вчера многу медиуми се истрчаа да прерачунаат колку пари би изгубил Уго Екитике за наводната казна од плати за две недели, сепак никаде немаше официјални информации во врска со таквата вест.
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, пред новинарите потврди дека не постои таква казна, а во клубот е дозволено да се прават грешки.
На прашање на новинарите дали Екитике бил “дисциплиниран” после глупавиот црвен картон кој го доби по прославата на голот во Карабао купот, тој одговори: “Дисциплиниран значи казнет, а тој не доби казна. Разговарав со него, тој се извини веднаш на своите соиграчи. Тој е млад и играчите на негова возраст прават грешки, а во овој клуб е дозволено да направите грешка”.
“Тој е фантастичен човек. Ако ги прашате вработените ќе ви кажат дека е во топ 3 играчи по љубезност и топлина, така што може и да направи грешка. Не беше паметно, но не ни наштети. Можеби ќе биде потешко на следниот натпревар, но Чиеса се докажува себе си и ќе добие шанса да игра од клупата”, додаде Слот.
“He said sorry straight away to his teammates”
Arne Slot discusses Hugo Ekitike’s suspension ahead of Liverpool’s game against Crystal Palace this weekend 🔴 pic.twitter.com/bnw6ZJMRG8
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) September 26, 2025