Фудбалската јавност е во шок по веста дека 21-годишниот Били Вигар, напаѓач на Чичестер Сити и поранешен член на академијата на Арсенал, почина од последици на тешка повреда здобиена за време на натпревар во саботата.
Вигар се повредил на дуелот против Вингате и Финчли во рамки на Иствијан Премиер лигата, при што, според првичните информации, се судрил со бетонски ѕид покрај теренот. Иако беше ставен во индуцирана кома и во вторникот подложен на операција, повредите биле премногу тешки и тој ја загубил битката во четвртокот наутро.
“Скршени сме што ова се случи додека играше спорт што толку го сакаше”, соопшти неговото семејство.
Everyone at Arsenal is devastated by the shocking news that former academy graduate Billy Vigar has passed away.
All our thoughts are with his family and loved ones at this time.
Rest in peace, Billy ❤️
— Arsenal (@Arsenal) September 25, 2025
Арсенал изрази длабоко сочувство, потсетувајќи дека Вигар се приклучил на академијата во Хејл Енд на 14 години и во дебитантската сезона постигнал 17 голови. Во 2020 година добил стипендија и станал полноправен член на младинската школа, заедно со сегашни имиња како Чарлс Сагое Џуниор и Омар Хачинсон. И покрај сериозната повреда на задната ложа, Вигар успеал да се врати и во 2022 година потпишал професионален договор.
Во својата кариера, покрај Арсенал, играл и за Дерби Каунти, Истборн Боро и Хејстингс Јунајтед.