6.8 C
Skopje

25 години по враќањето, Мурињо со сигурна победа за Бенфика

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Жозе Мурињо ја започна својата втора авантура на клупата на Бенфика со убедлива победа од 3-0 против АВС.

“Орлите” го отворија натпреварот под ново-старо водство со три гола и сигурна игра. Судаков ја скрши отпорната домашна одбрана пред паузата, а Вангелис Павлидис од пенал во второто полувреме го удвои водството. Точка на триумфот стави Ивановиќ со прецизен удар, кој ја запечати радосната вечер за црвено-белите.

Мурињо, кој се врати на “Да Луж” по четврт век, не ја криеше својата емоција, па третиот гол го прослави со удари на воздух и со легендарно шуткање на конусот крај аут-линијата. Со оваа победа, Бенфика се искачи на второто место и сега заостанува пет бодови зад лидерот Порто, но со меч помалку.

Португалецот, кој во својата кариера освои трофеи со Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Интер, беше назначен во четвртокот откако клубот се раздели со Бруно Лаже по шокантниот пораз од Карабах во Лигата на шампиони.

“Сега сум помудар и поискусен”, изјави Мурињо на своето претставување. Во следните две недели, неговата Бенфика го очекуваат пресметки со најголемите ривали, Порто и Спортинг, вистински тест за “Специјалниот” во неговото големо враќање дома.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено