2.8 C
Skopje

Балканска ноќ во Евролигата: Црвена звезда и Партизан ја запалија Европа

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Шест натпревари, четири гостински победи и еден многу интересни моменти – Евролигата живее за вакви вечери. Белград гореше, Атина танцуваше, а Монако можеше само да сонува за ваков спектакл.

Црвена звезда 90–75 Реал Мадрид

Шест години подоцна, “кралот” конечно падна во Белград. Саша Обрадовиќ ја претвори Белградска Арена во арена на гордост, а Реал Мадрид изгледаше како сенка на себе. Коди Милер-Мекинтајр постигна сè на теренот, од поени, скокови, асистенции, до вистинска енергија која ги инспирираше соиграчите. Нвора и Монеки ја завршија симфонијата, а Реал замина понижен, со само 75 поени и многу прашања.

Монако 90–84 Валенсија

Монако пак го почувствува вкусот на победата. Тимот на Василис Спанулис го отвори мечот како бура и на полувреме веќе имаше плус 20. Валенсија се обиде да се врати, но Диало, Миротиќ и Стразел не дозволија пресврт за шпански спектакл, со што Валенсија падна на скор од 2-3.

Анадолу Ефес 81-95 Панатинаикос

Зелената машина не застанува! Панатинаикос со совршена недела и нова победа, овојпат во Истанбул. Осман гореше со 29 поени и шест тројки, Слукас диригираше со 12 асистенции, а Ефес не можеше ни да дише во четвртата четвртина. За жал, госите ја загубија битката и резултатски и со две тешки повреди (Папајанис и Османи).

АСВЕЛ 83-90 Виртус

Карсен Едвардс со шоу за паметење, со 36 поени ја запечати вчерашната победа. Виртус со втор триумф за неделата, овојпат во Франција. АСВЕЛ се бореше, Ватсон донесе искри, но Италијанците беа посмирени во финишот. Триумф што мириса на зрелост.

Париз 88-89 Хапоел Тел Авив

Турбо-натпревар во срцето на Франција! Париз леташе, Хапоел одговараше и на крај едно слободн0 фрлање на Тајлер Енис го реши мечот. Отуру со 18 поени и борба до последна секунда, додека Хифи од Париз можеше само да ја спушти главата – еден поен помалку, една голема лекција повеќе.

Басконија 79-91 Партизан

Дваесет и четири години подоцна – клетвата е срушена! Партизан конечно победи во Виторија. Карлик Џонс ја запали искрата, Вашингтон и Дијало ја претворија во пожар. Басконија без одбрана, Партизан со срце и резултат што вреди повеќе од победа. Првиот триумф на гостински терен, и каков триумф!

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено