Во пресрет на денешниот дуел, кој е можеби и најатрактивниот во ова коло, Ливерпул се потсети на победата од 7-0 над Манчестер Јунајтед, меч кој можеби го наговести падот на “Црвените ѓаволи”.
Натпреварот кој се одигра во март 2023 година на Енфилд, беше најголем пораз кој некој клуб го доживеал во Премиер лигата. Коди Гакпо, Дарвин Нуњез и Мо Салах постигнаа по два пати во големата победа, а резултатот го заокружи погодокот на Роберто Фирмино.

Поразот дојде една недела откако Манчестер Јунајтед го освои Купот, тие го доживеаја најголемиот пораз во клупската историја во сите натпреварувања. Тоа беше и почетокот на крајот за тренерот Ерик тен Хаг.
На тој меч, Салах стана најдобриот стрелец на Ливерпул во историјата на Премиер лигата, а во тој момент тој имаше постигнато 129 погодоци.
Во пресрет на денешниот дуел меѓу овие два тима, да се потсетиме на овој натпревар.
Liverpool 7-0 Manchester United 😮💨 #LIVMUN 22/23 pic.twitter.com/mPLUUr6x6P
— Liverpool FC (@LFC) October 18, 2025



