4.8 C
Skopje

Одличниот викенд на Верстапен комплетиран со триумф на трката во Остин

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Макс Верстапен изгледаше доминантно на викендот во Остин, а после победата на спринт-трката, тој денес триумфираше и на главната трка за Големата награда на САД.

Откако Верстапен сигурно стартуваше да ја задржи првата позиција, најголемата возбуда на целата трка се одвиваше за второто место. Токму на стартот Шарл Леклер успеа да го претекне Ландо Норис во првата кривина, а возачот на Мекларен ја врати позицијата дури во 23-от круг.

После изненадувачки добрата стратегија на Ферари, Леклер повторно после добриот пит-стоп ја презеде втората позиција и се бранеше сè до самиот крај, кога на неколку круга пред крајот Норис со доста ризичен, но маестрален потег го претекна за конечен пласман на второто место.

Луис Хамилтон се најде веднаш зад својот тимски колега на четвртата позиција, а многу лоша трка и резултат за лидерот на табелата Оскар Пијастри кој заврши на петтото место.

Дали Макс Верстапен со ваквите резултати се враќа во игра за титулата, сè уште е рано да се каже, но доколку му успее во ваква сезона да ја освои петтата титула, тоа ќе биде еден од најголемите пресврти во историјата на Формула 1.

“Знаев дека нема да биде едноставна трка. Ако ја видите цела трка, разликата во ритамот меѓу мене и Ландо не беше голема. Секако, тука беа и гумите кои требаше да се менаџираат, па задоволен сум од викендот”, изјави големиот победник на викендот, Верстапен.

На прашањето дали има шанси за титулата сега кога ја намали разликата со Пијастри за цели 25 поени викендов, тој одговори: “Има шанса, само треба да имаме вакви викенди до крајот. Многу сум возбуден да видам како ќе заврши”.

По одлична борба за второто место, Ландо одговори: “Одлична борба имавме со Шарл, тој се бореше многу добро. Очекував да поминам полесно, но Шарл возеше одлична трка, па задоволен сум со второто место денес”.

“Малку бев загрижен дека бев единствен на меки гуми на почетокот, тоа беше ризично, но се покажа како добра стратегија. Задоволен сум сè на сè, бидејќи имавме тешка сезона, па добро е повторно да се најдеме на подиумот. Уживав во тркањето со Норис денес”, изјави третопласираниот Леклер.

Ова е целосниот распоред на денешната трка:

Извор: https://x.com/F1

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено