Арсенал одигра совршено второ полувреме и за само 14 минути му одржа лекција на Атлетико Мадрид, славејќи со убедливи 4-0 во Лондон. Тимот на Микел Артета покажа зрелост и моќ, задржувајќи максимален ефект по првите три кола во Лигата на шампионите.
Првиот дел помина без голови, иако Езе ја погоди пречката, а Раија мораше да интервенира по обидот на Алварез. Но во второто полувреме се отвори лавината. Габриел Магалјаеш го проби мразот со одличен удар со глава по нафрлување на Рајс, а веднаш потоа Мартинели со прецизен удар ја дуплираше предноста.

Новиот напаѓач Виктор Ѓокереш конечно го пронајде патот до мрежата. Прво се снајде во гужва за 3-0, па три минути подоцна погоди и за 4-0, откако повторно беше највисок во скокот по корнер.
Арсенал сега има три победи од три меча и ниту еден примен гол. Атлетико, пак, изгледаше безидејно и нефокусирано, во една од најслабите европски партии под Симеоне.


