11.8 C
Skopje

Халанд повторно незапирлив, Сити го совлада Виљареал

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Ерлинг Халанд продолжи да руши рекорди и со нов гол го одведе Манчестер Сити до победа од 2-0 над Виљареал во Шпанија. Норвежанецот постигна гол на 12-ти последователен натпревар и ја прекина лошата гостинска серија на “граѓаните” во Лигата на шампионите.

Од самиот почеток Сити доминираше. Халанд уште во втората минута имаше шанса, но вистинскиот момент дојде кога се ослободи од својот чувар и ја испрати топката во мрежата по ниското додавање на Рико Луис.

До полувремето гостите целосно го контролираа мечот, а Бернардо Силва го зацврсти водството со удар со глава по нафрлување на Савињо. Виљареал се обиде да се врати во вториот дел, преку Папе Геј и удар во стативата на Веига, но без успех.

Сити конечно дојде до први бодови на гостински терен во Европа по повеќе од една година. Халанд сега има 24 гола на само 14 натпревари сезонава, а Гвардиола може да биде задоволен од реакцијата по серијата нерешени резултати.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено