11.8 C
Skopje

Гордон и Барнс блеснаа, Њукасл ја прегази Бенфика

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Њукасл го одигра најдобриот натпревар сезонава и ја совлада Бенфика со убедливи 3-0 на “Сент Џејмс Парк”, во меч кој го однесе тимот на Еди Хау на чекор до нокаут фазата.

Ентони Гордон го отвори резултатот по маестрална акција, кога го искористи додавањето на Марфи и со ладнокрвна завршница ја затресе мрежата на Трубин. Истиот темпо продолжи и по паузата, кога Ник Поуп со долга топка ја започна акцијата за вториот гол, Барнс избега од одбраната и со прецизен удар ја удвои предноста.

Бенфика се обиде да се врати, но двапати ја погоди рамката на голот, прво преку Лукебакио, а потоа со уште еден удар од дистанца. Њукасл ја казни секоја грешка на противникот, а Барнс со втор гол ја запечати победата по додавање од Гордон.

Ова е првпат по 2003 година “Страчките” да врзат две победи во Лигата на шампионите.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено