Грчкиот бизнисмен Евангелос Маринакис има тешка недела, барем што се однесува до неговите инвестиции во фудбалските клубови.
Тој е сопственик на фудбалските клубови Нотингем Форест, Олимпијакос и Рио Аве. Форест, тим кој игра во Премиер лигата, во саботата изгуби со 3-0 од Челси, а уште во тунелот кон соблекувалните тој го отпушти тренерот после само неколку недели на клупата.
Наредниот ден, во неделата, неговиот друг Рио Аве беше исфрлен од португалскиот Куп од четвртолигашот Синтренсе.
Вчера, неговиот трет клуб Олимпијакос, доживеа вистински потоп на гостувањето кај каталонскиот гигант Барселона, каде изгуби со резултат од 6-1.
Сè на сè би рекле тешки неколку дена за Гркот.
Tough week for Evangelos Marinakis… pic.twitter.com/xByfFi1DPu
— Football on TNT Sports (@footballontnt) October 22, 2025



