12.8 C
Skopje

Легендарниот Џордан: “Да има магично апче, одма би се вратил на терените!”

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Легендарниот кошаркар Мајкл Џордан во искреното интервју за “NBC”, зборуваше за неговата љубов кон кошарката и целокупното искуство во НБА лигата. Како што вели тој, иако кошарката многу му недостасува, тој сега има многу повеќе време за семејството.

Џордан рече дека не фатил топка со години, а за последен пат кога шутирал со баскет, тој раскажа интересна случка: “Бев на пат и изнајмив куќа каде имаше терен. Сопственикот дојде да се фотографираме со него и внуците, па ми рече сакам да те видам како фрлаш едно слободно фрлање”. Иако се пошегувал и му рекол “веќе плаќам за куќата”, сепак Џордан застанал да шутира едно слободно фрлање, а тогаш “се почувствувал дека има најголема трема од што некогаш имал, бидејќи тие деца имале очекувања од разговорите кои ги слушале од нивните родители”. Во тој момент тој немал фатено баскет со години, па се посомневал дали ќе успее. За среќа погодил од прва, а децата го имале најсреќниот ден во животот.

Џордан зборуваше и дека сè уште има огромна љубов кон кошарката, нешто што дури и самиот тој вика дека “не би поверувале колку љубов имам сè уште кон играта”.

“Би сакал да постоеше некое магично апче, да ги облечам шорцевите и да излезам да изиграм кошарка денес… тоа е она за што живеам, многу ми недостасува”, раскажа Џордан со солзи во очите.

Ние само ќе кажеме дека бевме среќни што го гледавме додека играше во најдобрите денови во НБА, а легендата на кошарката секогаш вреди да се слушне што има да каже.

За оние кои немаа среќа да растат со Џордан, погледнете дел од неговата магија на теренот…

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено