11.8 C
Skopje

Почна продажбата за Велс: Билетите за Кардиф 2800 денари, познати цените и за Летонија

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги објави клучните информации за претстојните репрезентативни натпревари во ноември. Управниот одбор ги утврди цените на влезниците за пријателскиот натпревар со Летонија и за квалификациските дуели на У-21 репрезентацијата, а истовремено ја извести јавноста дека е пуштена во продажба и последната, клучна битка за пласман на Светското првенство: гостувањето во Кардиф кај Велс.

Со Летонија од 200 денари, бесплатен влез за младинските школи

Како што објави ФФМ, Управниот одбор ги одреди цените за пријателскиот натпревар помеѓу Македонија и Летонија, кој ќе се одигра на 13 ноември на Националната арена “Тодор Проески”. Влезниците ќе чинат 200 денари за јужната и 300 денари за северната трибина.

Во одличен потег, ФФМ одлучи да овозможи бесплатен влез за сите млади фудбалери од Детската лига, фудбалските школи и сите младински категории на клубовите, кои ќе можат организирано, во придружба на своите тренери, да ги бодрат сениорите.

Дополнително, одредена е и цената за натпреварите на репрезентацијата до 21 година против Шведска (13 ноември) и Полска (18 ноември во Битола), која ќе изнесува 200 денари.

Пуштени во продажба билетите за Велс – Македонија

За најважниот натпревар оваа есен, клучниот дуел за пласман на СП 2026 против Велс во Кардиф на 18 ноември, ФФМ објави дека билетите се веќе во продажба.

Според правилата на УЕФА, за македонските навивачи се издвоени околу 1500 билети. Цената на влезницата, одредена од Фудбалската асоцијација на Велс, изнесува 2800 денари.

Билетите може да се купат исклучиво онлајн преку официјалната платформа на федерацијата eticket.ffm.mk. Важно е да се напомене дека по купувањето, навивачите прво ќе добијат ваучер, а официјалните електронски билети ќе им бидат доставени на нивниот телефонски број по 4 ноември.

Извор: https://eticket.ffm.mk/

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено