11.8 C
Skopje

(Фото + Видео) “Победивме заедно!”: Емотивната порака на Марк до Алекс Маркез по историскиот успех

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Постојат денови кога спортот ги надминува сите статистики и станува чиста, дестилирана емоција. Овој викенд во Малезија беше токму таков. Во 77-годишната историја на Мото ГП, во спортот на индивидуалци, его и брзина, се случи преседан – за првпат, двајца браќа ја завршија сезоната како шампион и вицешампион на светот.

Марк Маркез (32) е шампион. Алекс Маркез (29) е вицешампион. Двајцата браќа од Сервера се на врвот на светот, заедно.

“Се тресев, ги чувствував сите нервози на светот”

Додека Марк, деветкратниот светски првак, ја обезбеди својата титула уште во Јапонија, притисокот беше врз Алекс. Помладиот брат, кој целата кариера ја мина во огромната сенка на својот постар брат, мораше да го обезбеди второто место во генералниот пласман на спринт-трката во Сепанг, Малезија.

И тој призна дека притисокот за малку ќе го скршел.

“Се тресев целиот денес”, изјави Алекс по трката. “Ги чувствував сите нервози на светот. Бев вкочанет, не возев добро… сè на што мислев беше да го обезбедам второто место. Се надевам дека кога ќе дојдат повеќе вакви шанси, нема да бидам толку нервозен!”

“Растевме заедно, страдавме заедно… оваа година ПОБЕДИВМЕ ЗАЕДНО!”

Она што го прави овој момент “Пулицеровски” не е само статистиката, туку семејната врска. Додека Алекс се бореше со нервозата во Малезија, Марк не беше таму да го бодри. Тој е дома, во Шпанија, закрепнувајќи од тешката операција по инцидентот во Мандалика.

Но, штом неговиот помал брат ја помина целта, Марк ја испрати најемотивната порака на денот, која го обиколи светот:

ШАМПИОНИ И ВИЦЕШАМПИОНИ НА СВЕТОТ! Растевме заедно, се забавувавме заедно, работевме заедно, страдавме заедно и оваа година… ПОБЕДИВМЕ ЗАЕДНО! Те сакам, братче мое! 💙❤️

Исповедта на Алекс: “Луѓето ме потценуваат, не добиваме доволно почит

Откако притисокот исчезна, Алекс Маркез конечно се “отвори”. Тој, кој оваа сезона вози сателитско Дукати (модел од 2024), додека неговиот брат е во фабричкиот тим, призна дека оваа титула за него е и лична сатисфакција против сите критичари.

“Пресреќен сум што сум вицешампион кога никој не ни даваше шанса. Многу сум горд. Трепките ми трепереа од емоции”, изјави Алекс.

“Јас сум многу самокритичен и не се ‘продавам’ добро, затоа многу луѓе ме потценуваат. Но, јас не можам да се лажам себеси, кога не возам добро, го кажувам тоа… тоа е мојот карактер. Мислам дека јас и Марк не го добиваме кредитот што го заслужуваме за ова.”

Тој додаде дека токму таа меѓусебна самокритичност е тајната на нивниот успех. “Во спортот нема тајни… Самокритиката е она што возачот мора да го има. Јас и Марк сме многу слични во тој поглед. Секогаш си кажуваме еден на друг каде грешиме и каде можеме да се подобриме.”

На крајот, ова е приказна за двајца браќа кои почнаа со ист сон, си помагаа во најтешките моменти и по 77 години испишаа нова, златна страница во историјата на Мото ГП.

Извор: Mat Oxley {https://x.com/matoxley}

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено