11.8 C
Skopje

(Видео) Бундеслига: Баерн израмни рекорд, Лајпциг броеше до шест, Дортмунд се спаси во 96-та!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Каква сабота во Бундеслигата! Осмото коло ни донесе “дожд” од голови, рекорди и драми во последните секунди. Баерн Минхен продолжи да “гази” и израмни европски рекорд на Милан, РБ Лајпциг броеше до шест, а Борусија Дортмунд се спаси од кикс со гол во 96-та минута.

Во Франкфурт и Хофенхајм, херои на денот беа Џонатан Буркард и Андреј Крамариќ.


Аугсбург 0 – 6 РБ Лајпциг

РБ Лајпциг немаше милост на гостувањето кај Аугсбург и приреди вистинска “петарда”, па дури и повеќе. Гостите постигнаа дури четири гола во првото полувреме преку Диоманде, Ромуло, Нуса и Баумгартнер, а потоа во вториот дел Уедраого и Лукеба само го комплетираа понижувањето за конечни 0-6.


Борусија Менхенгладбах 0 – 3 Баерн Минхен

Баерн Минхен го израмни европскиот рекорд на Милан од сезоната 1992/93 со 13 последователни победи во сите натпреварувања од стартот на сезоната. Иако натпреварот доцнеше 15 минути поради проблеми со автобусот на Баерн, а домаќините останаа со играч помалку по црвениот картон на Кастроп (19’), Баварците отпорот го скршија дури во вториот дел. Кимих, Гереиро и младиот Карл ги постигнаа головите, додека Гладбах промаши и пенал преку Штегер.


Борусија Дортмунд 1 – 0 Келн

„Милионерите“ беа на прагот на огромен кикс на домашен терен, но се спасија во буквално последната секунда. Во натпревар каде што Дортмунд доминираше, но не можеше да го пробие бункерот на Келн, херој беше резервистот , кој по еден корнер и гужва во шеснаесетникот, ја смести топката во мрежата во 96-тата минута за 1:0.


Ајнтрахт Франкфурт 2 – 0 Сент Паули

По катастрофалниот пораз од Ливерпул во ЛШ, Франкфурт им се врати на победите, предводен од одличниот . Тој прво искористи една голема грешка на голманот на Сент Паули за 1:0, а потоа во вториот дел со прекрасен лоб-удар ги постави конечните 2:0.


Хофенхајм 3 – 1 Хајденхајм

Хофенхајм конечно ја прекина црната серија на домашен терен, а натпреварот го одбележа ветеранот со гол и асистенција. и донесоа 2:0, Крамариќ зголеми на 3:0, пред да го постигне почесниот гол за гостите.


Хамбургер 0 – 1 Волфсбург

Волфсбург ја прекина црната серија од четири порази по ред, благодарение на голманот Камил Грабара. постигна прекрасен гол во 15-тата минута, а потоа на Конигсдорфер во финишот на првиот дел. Хамбургер немаше среќа, погодувајќи ја и стативата на стартот на второто полувреме.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено