11.8 C
Skopje

Вардар се изнамачи со Бутел, но остана на врвот на табелата

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Вардар ја задржа перфектната серија во Суперлигата и по 9-то коло, откако со 36-30 го совлада тврд Бутел, во меч што беше далеку потежок отколку што покажува резултатот.

“Црвено-црните” настапија без неколку клучни играчи (Кавада, Пинто, Горига, Лазаревски, Кеита и Стаменковиќ) што се почувствува на теренот, особено во првото полувреме кога гостите не само што израмнуваа, туку имаа и шанса да поведат. На пауза Вардар замина со тесна предност (19-18).

Во вториот дел, Бутел израмни на 19-19 и имаше можност за пресврт, но Николоски погоди статива, по што Вардар ја врати контролата. Со серија на Талески и Боно, домаќините се одлепија на плус пет и рутински го приведоа мечот до крај.

Најефикасни кај Вардар беа Николас Боно со 7 гола и Филип Талески со 6, додека Милош Валах запиша 10 одбрани. Кај Бутел се истакна Дејан Михајловиќ со 8 погодоци, а Благојче Трајкоски имаше 9 интервенции.

Со оваа победа, Вардар останува лидер на табелата со максимален учинок, додека Бутел и понатаму се во борба за плејоф.

Во останатите натпревари од колото:
Тиквеш 2014 – Прилеп (24:21)
Вардар 1961 – Бутел (36:30)
Алкалоид – Еурофарм Пелистер 2 (37:25)
Струга – Пролет 62 (29:38)
Еурофарм Пелистер – Радовиш (47:27)
Охрид – Куманово (37:17)

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено