11.8 C
Skopje

(Видео) Црвен аларм за “црвените”: Четврти пораз по ред за Ливерпул!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Црвениот аларм се вклучи во Ливерпул. Актуелниот шампион доживеа нов удар, четврти по ред во Премиер лигата, по поразот од Брентфорд со 3-2 во Лондон, резултат што ја покажува кризата во тимот на Арне Слот.

По минатата сезона во која Ливерпул загуби само четири лигашки натпревари на патот до титулата, новата сезона изгледа далеку посурово. Слот сега има идентичен број порази, но сите врзани и тоа уште во првата третина од сезоната.

Брентфорд ја искористи секоја слабост на ривалот. Долгите аути станаа препознатлив потпис на “пчелите”, и токму така дојдоа до водство, по додавање со глава од Ајер, Данго Уатарa со акробатски волеј погоди за 1-0. Пред крајот на полувремето, Кевин Шаде ја удвои предноста по контра во која Ливерпул одбранбено изгледаше изгубено.

Милош Керкез, во последните секунди од првиот дел, им даде надеж на гостите со својот прв гол во дресот на Ливерпул, намалувајќи на 2-1. Но наместо пресврт, следеше уште еден удар. Спорен пенал по фаул на Вирџил ван Дајк беше прво досуден како слободен удар, но по интервенција на ВАР судијата го промени во пенал, а Игор Тијаго погоди за 3-1.

Мохамед Салах во 89-та минута донесе искра надеж со својот прв гол од игра сезонава, но беше доцна. Седумтте минути надополнување не беа доволни за уште едно “чудо во последните секунди”.

Ливерпул сега е на шесттото место на табелата и може да падне уште пониско по натпреварите во недела. Разликата со Арсенал може да порасне на седум бода, а шампионот веќе делува без енергија и самодоверба.

Брентфорд, пак, со оваа победа го слави еден од најголемите успеси сезонава, победувајќи тим кој пред само неколку месеци изгледаше непобедлив.

Дали ова е само кратка криза или почеток на вистински пад на Ливерпул? Долг е патот до титулата, а рано е да се предвиди било што.

Брентфорд – Ливерпул 3-2
Стрелци: Уатара 12’, Шаде 44’, Тиаго 60’ (п) – Керкез 45+1’, Салах 89’

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено