10.8 C
Skopje

(Видео) “Можев е*ано да ги убијам!” – Лиам Лосон во шок откако редари му истрчаа на патеката!

Објавено:

Дами и господа, добредојдовте во Мексико, земјата каде што возбудата очигледно е поважна од безбедносните протоколи. Синоќешното Гранд-при на Мексико донесе еден бизарен и крајно опасен момент кој, за среќа, не заврши трагично и денес можеме да го сместиме во нашата “TrollStation” рубрика.

Возачот Лиам Лосон остана во тотален шок откако, среде трка, двајца редари одлучија дека е паметно да ја претрчаат патеката токму пред неговиот болид.

“Можев е*ано да ги убијам”! – се дереше преплашениот Лосон на тимското радио.

“Жабец” (Frogger) во живо

Овој инцидент, кој многумина ги потсети на старата игра “Frogger”, веднаш предизвика лавина реакции. “Ова го нема ни во НАСКАР”, “Добредојдовте во Мексико”, беа само дел од коментарите.

Но, она што е најинтересно е дека ова не е ништо ново за Мексико. Токму на вчерашен ден, пред 55 години (25 октомври 1970), се возеше легендарната трка во Мексико Сити, која останува запаметена како најголемиот хаос во историјата на Ф1.

Околу 200.000 гледачи ги срушиле оградите и седнале буквално ДО патеката. Возачите како Џеки Стјуарт ги молеле да се тргнат, но тие се враќале. За време на трката, фановите постојано ја претрчувале патеката, а Стјуарт за влакно избегнал куче. По трката, толпата ги “растргнала” болидите за сувенири.

По тој хаос, на Ф1 ѝ беа потребни 16 години да се врати во Мексико. Синоќа, очигледно, редарите решија да ја оживеат старата слава.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено