10.8 C
Skopje

Премиер лига табелата по деветтото коло: Арсенал на врвот, Ливерпул во криза

Објавено:

Вака така, колку и да беа критикувани, Манчестер Јунајтед сега се шестти на табелата, веднаш пред минатогодишните шампиони Ливерпул, кои влегоа во “црна” серија со четврти пораз по ред.

Арсенал побегнаа на врвот со 22 поени, четири повеќе од второпласираната сензација Борнмут. Изненадување имаме и на третата позиција каде сега се наоѓаат Тотенхем, како и на четвртата каде се повратниците во лигата Сандерленд, потврдувајќи уште еднаш дека никој не треба да биде отпишан предвреме.

По девет одиграни кола, Астон Вила се сега на осмата позиција, додека Челси кои влегоа во сезоната на крилјата на трофејот во Светското клупско првенство, сега се дури на деветтото место. Десетката ја заокружува Кристал Палас, додека закотвени во зоната на испаѓање се Нотингем Форест, Вест Хем и Вулвс.

Извор: https://x.com/premierleague

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено