Легендата на Тотенхем, Хеунг-Мин Сон направи трансфер ова лето во МЛС лигата, каде потпиша за ЛАФЦ, фудбалскиот клуб од Лос Анџелес. Со тоа, Сон стана најскапиот трансфер во историјата на лигата, а веднаш стана омилен и меѓу навивачите.
На својот трет настап за новиот клуб, Сон постигна прекрасен погодок од слободен удар, а сега неговиот прв погодок е изгласан и за најдобар гол во МЛС лигата за изминатата сезона.
На својот деби настап за новиот клуб, Сон постигна прекрасен погодок од слободен удар, а сега неговиот прв погодок е изгласан и за најдобар гол во МЛС лигата за изминатата сезона.
Во неговата дебитантска сезона, Сон одигра 10 регуларни натпревари за ЛАФЦ, постигнувајќи 9 голови и 3 асистенции. Во Лос Анџелес се пресели после 10 годишната кариера во “Спарси”, каде има легендарен статус со постигнати 173 погодоци, 101 асистенција и стана првиот азиски фудбалер кој ја освоил Златната копачка во сезоната 2021/22
Погледнете го голот во продолжение.
First Goal = Goal of the Year 🏆
— LAFC (@LAFC) October 27, 2025
Son Heung-Min's free kick has been voted the @ATT MLS Goal of the Year ⚽️ pic.twitter.com/jawPmfslN8


