10.8 C
Skopje

(ВИДЕО) Победа и Шкендија Арачиново со “војна на соопштенија” по хаосот во Прилеп

Објавено:

Натпреварот од Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) меѓу ФК Победа и ФК Шкендија Арачиново, кој заврши со победа на гостите од 0-1, доби грдо “трето полувреме”.

Веднаш по завршувањето на мечот, настана хаос кога едно лице се обиде насилно да влезе во соблекувалната на гостинскиот тим.

Веднаш подолу следува видеото од инцидентот, кое содржи вознемирувачки и насилни сцени.

На снимката се гледа како лицето удира и го крши прозорецот од соблекувалната, пред да биде отстрането од страна на обезбедувањето и полициските службеници.

Веднаш по инцидентот, започна и очекуваната “војна на соопштенија” меѓу двата клуба, со сосема спротивни гледишта за тоа кој е виновен за инцидентот.

Реакцијата на ФК Победа

Од ФК Победа тврдат дека натпреварот бил организиран според највисоки стандарди, но инцидентот бил “предизвикан од провокација на дел од гостинската екипа”. Според нив, “кон домашната публика биле фрлени шишиња” од играчи на Шкендија, што предизвикало спонтана реакција кај публиката.

Реакцијата на ФК Шкендија Арачиново

Од ФК Шкендија Арачиново возвратија остро, осудувајќи “расистички навреди, провокации и непримерно однесување”. Тие ги нарекоа сцените “срамни” и побараа од Фудбалската федерација да преземе соодветни мерки и да изрече “заслужени санкции” кон организаторите.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено