10.8 C
Skopje

Само 45 дена по новиот договор: Витор Переира избркан од Вулверхемптон!

Објавено:

Она што навивачите го пееја, сега е официјално: Вулверхемптон му врачи отказ на својот менаџер, Витор Переира.

Катастрофалниот пораз од Фулам (3-0) беше последната капка. Португалецот, кој и самиот го нарече тој настап „најлош“ откако е во клубот , беше испратен со гласни скандирања „утре добиваш отказ“ од сопствените навивачи.

Бројките не лажат: Историски најлош старт

Агонијата на „Волците“ е тешко да се опише. Тие се апсолутно „заковани“ на дното на Премиер лигата со само два освоени бода од 10 натпревари , веќе осум бода далеку од безбедната зона.

Вулверхемптон е единствениот тим без победа во првите четири ранга на англискиот фудбал. Статистиката е брутална: Ниту еден клуб во историјата на Премиер лигата не успеал да опстане откако имал два или помалку бода во оваа фаза од сезоната.

Иронија: Договор од 3 години, отказ по 45 дена

Она што го прави овој отказ уште побизарен е фактот што Переира потпиша нов тригодишен договор пред само 45 дена. Овој потег се случи иако тимот беше на дното и тогаш, по првите четири порази во лигата.

Трпението очигледно истече по елиминацијата од Карабао Купот (4-3 од Челзи) и дебаклот на „Крејвен Котиџ“. Заедно со Переира, клубот го напушта и целиот негов стручен штаб. Тренинзите привремено ќе ги водат тренерите на У21 и У18 тимовите.

Кој е следен? Враќање на О’Нил е главна тема

Додека клубот бара трајно решение, во јавноста веќе се вртат неколку имиња.

  • Гери О’Нил: Прв и најголем фаворит е враќањето на човекот кој Переира го замени во декември 2024 година. О’Нил беше пофален за неговата работа минатата сезона и многумина сметаа дека неговиот отказ беше незаслужен.
  • Брендан Роџерс: Втора опција е поранешниот менаџер на Ливерпул и Лестер (со кој освои ФА Куп). Роџерс е слободен агент откако неодамна (октомври 2025) си поднесе оставка во Селтик.
  • Ерик тен Хаг: Контроверзно име кое исто така е слободно. Холанѓанецот имаше катастрофална епизода во Баер Леверкузен, каде доби отказ во септември по само три натпревари, а претходно беше избркан и од Манчестер Јунајтед (октомври 2024).
  • Сержо Консеисао: Португалецот беше отпуштен од Милан во мај 2025, но оваа опција е најмалку веројатна, бидејќи тој во октомври беше назначен за нов тренер на Ал-Итихад во Саудиска Арабија.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено