10.8 C
Skopje

Македонија У15 второпласирана на турнирот во Албанија. Победа над Ерменија за крај!

Објавено:

Македонската репрезентација до 15 години ја заврши со стил својата авантура на развојниот турнир во Албанија. Избраниците на Горан Станковски триумфираа над Ерменија со 2:1 и со тоа го обезбедија второто место на табелата.

Нашите млади надежи тргнаа силно уште од самиот старт, па само во третата минута Виган Таири го отвори резултатот и донесе рана радост за Македонија. Во второто полувреме, Ариан Исаку во 52-та минута ја удвои предноста, а Ерменија успеа само да намали во самиот финиш на натпреварот.

Претходно, Македонија славеше против Косово (1:0) на отворањето на турнирот, а во второто коло минимално беше поразена од домаќинот Албанија (0:1). Со две победи и еден пораз, нашата репрезентација заслужено го освои второто место, зад Албанија која заврши како првопласирана.

Состав на Македонија У15:
Јован Даноски, Андреја Блажев (76’ Хамза Зубери), Калин Аврамовски, Ариан Исаку (76’ Дин Рожајац), Ејман Емини (82’ Филип Богоевски), Фисник Амити (82’ Диар Ајрулау), Васко Трајков (46’ Павел Димоски), Доротеј Христов (46’ Драган Петков), Стефан Стојановски (63’ Амар Незири), Виган Таири (63’ Борис Матески), Јован Јанчевски (63’ Дијар Алиу).
Селектор: Горан Станковски

Голем успех и важна лекција за генерацијата 2009 – второ место, две победи и голема доза на самодоверба за идните предизвици!

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено