И официјално, Алкалоид може да се нарече европски шампион откако целата сага околу финалето со АЕК доби завршница. Имено, Европската ракометна федерација (ЕХФ) конечно стави крај на драмата со АЕК Атина. Грчкиот тим, кој одби да допатува во Скопје за реванш-финалето поради наводни безбедносни причини, доби жестока казна.

ЕХФ го регистрираше натпреварот со службен резултат 10:0 за Алкалоид, со што пехарот и официјално пристигнува во витрините на македонскиот клуб. Дополнително, АЕК е казнет со 20.000 евра и суспензија од европските натпреварувања во наредните две сезони (едната условна). Поради мали пропусти во организацијата околу билетите за гостинските навивачи, и Алкалоид доби симболична парична казна од 5.000 евра.
Ова е историски успех за младиот скопски клуб, кој покажа дека и покрај сите притисоци, правдата на крајот победува. Македонија слави нова европска титула!





