Селекторот Благоја Милевски го објави проширениот список од 28 фудбалери за двата ноемвриски натпревари – контролниот меч против Летонија на 13 ноември во Скопје, и последниот квалификациски дуел за Светското првенство 2026 против Велс во Кардиф, на 18 ноември.
Во составот нема големи изненадувања, но има неколку значајни промени.
Поради повреда, Езѓан Алиоски отпадна од комбинација, додека Бојан Димоски, Лирим Ќамили и Кристијан Трапановски повторно се враќаат во националниот тим.
Повикан состав на Македонија:
Голмани:
Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија),
Дејан Илиев (УТА Арад, Романија),
Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ),
Игор Алексовски (Фљамуртари, Албанија)
Одбрана:
Висар Муслиу (Сент Тројден, Белгија),
Никола Серафимов (Левски Софија, Бугарија),
Ѓоко Зајков (Ајман, ОАЕ),
Бојан Димоски (ТСЦ Бачка Топола, Србија),
Андреј Стојчевски (Словачко, Чешка),
Дарко Велковски (Зрињски, БиХ),
Стефан Деспотовски (ОФК Београд, Србија),
Бојан Илиевски (Струга Трим Лум),
Стефан Ашковски (Раднички Ниш, Србија)
Среден ред:
Енис Барди (Коњаспор, Турција),
Јани Атанасов (Лариса, Грција),
Елиф Елмас (Наполи, Италија),
Исник Алими (Далиан Јингбо, Кина),
Лука Станковски (Раднички Крагуевац, Србија),
Тихомир Костадинов (Сигма Оломуц, Чешка),
Решат Рамадани (Шкендија),
Давид Бабунски (Вардар)
Напад:
Бојан Миовски (Глазгов Ренџерс, Шкотска),
Милан Ристовски (Бохемианс 1905, Чешка),
Дарко Чурлинов (Кочаелиспор, Турција),
Александар Трајковски,
Елмин Растодер (Тун, Швајцарија),
Кристијан Трапановски (Данди Јунајтед, Шкотска),
Лирим Ќамили (Сондерјиске, Данска)
Собирот на репрезентацијата е закажан за 10 ноември, а подготовките ќе се одвиваат во Скопје до заминувањето за Кардиф.
На табелата од квалификациите за СП 2026, Македонија е втора со 13 бодови, еден помалку од Белгија, која е лидер на групата. Велс е трет со 10 бодови и натпревар помалку.



