ОДЛИЧЕН СТАРТ: Вардар ги започна подготовките за новата сезона на најдобар можен начин! Во првиот пријателски натпревар од подготовките кои се одвиваат во Словенија, „црвено-црните“ покажаа моќ и го совладаа актуелниот шампион на Црна Гора, Будуќност, со убедливи 3:0.
Иако се работи за прв тест-натпревар, избраниците на Гоце Седлоски одиграа зрело и покажаа дека се на вистински пат. Резултатот го отвори Едиз Спахиу, најавувајќи го одличното попладне за македонскиот тим.
Потоа, на сцена стапи Горан Закариќ. Искусниот босански ас со два погодоци во мрежата на противникот стави точка на натпреварот и покажа дека и оваа сезона ќе биде главна закана во нападот.
Оваа победа е одличен показател дека стручниот штаб одлично работи и дека тимот со голем оптимизам влегува во претстојните предизвици. Одличен почеток на подготовките за Вардар!



